 |
 |
ПРОИЗВОДИ
Производите ВИВА нудат виталност и додатен квалитет во животот. Доколку
не сте во можност да ги вкусите плодовите директно од природата, ние се
грижиме за Вас и Вашето здравје - со соковите ВИВА природата ја носиме
кај Вас.
Суровините и репроматеријалите за нашите сокови се од најреномирани
европски производители на природни овошни концентрати, како и трговски
фирми кои се занимаваат со промет на истите.
Концентратите и кашите за нашите производи се исклучително со потекло од
Бразил, Аргентина, Јужноафричката Унија, Тајланд, Индија, Еквадор, Нов
Зеланд, Перу, Колумбија, Македонија, Грција...
Императив во нашите набавки на суровини претставува високиот, егализиран
и континуиран квалитет којшто е основен предуслов за квалитетен готов
производ.
Асортиманот на Вивакс опфаќа кашести овошни сокови, 100% овошни сокови,
нектари и овошни пијалаци.
Сите производи на ВИВАКС се 100% природни, без додаток на адитиви, бои и
ароми. Производите на ВИВАКС изобилуваат со витамини и минерали; тие се
пастеризирани, без додаток на конзерванси со што гарантираме здрави
пијалаци.
Предности:
1.
Висококвалитетни производи со краток процес на пастеризација.
2. Здрави овошни сокови, без додаток на конзерванси со максимално
задржување на природната арома, витамини, боја и други природни
состојки.
3. Амбалажа, според потребите и желбите на нашите купувачи.
Со секој од соковите ВИВА Ви нудиме можност за опуштање и момент на
задоволство.
Балансот на состојките е совршено постигнат уште во самото производство,
па затоа ВИВА сокот може да се пие во неограничени количества секаде и
во секое време. Го консумираат деца и возрасни, стари и млади,
едноставно кажано ВИВА соковите се за сите возрасти.
|
|
|
 |
|
|