ПРВА СТРАНА КОМПАНИЈА ПРОИЗВОДИ КОНТАКТ ВРАБОТУВАЊЕ
100% сокови нектари овошни пијалоци ледени чаеви
ЗА НАС
ДППУ ВИВАКС е формирана во 1994 г. и е во приватна сопственост на фамилијата Јосифовски.

ДППУ ВИВАКС се занимава со производство, дистрибуција и продажба на природни овошни сокови, нектари и пијалаци, а од својот почеток па до денес бележи динамичен пораст. Како резултат на тоа, во 2003 год. се вброивме во редот на водечките производители на природни овошни сокови, нектари и пијалаци во Р. Македонија.
Динамичниот развој на ВИВАКС, пред сé се должи на високиот квалитет на нашите производи по кои сме препознатливи.
Понатаму, следи континуирано истражување на пазарот, развивање на нови производи според потребите, желбите и вкусот на нашите купувачи. Еден од елементите за успешното развивање на ВИВАКС, освен квалитетната понуда е секако и квалитетното маркетингшко презентирање на производите зад кои стоиме како фирма. Значи, успехот се должи на соодветниот маркетинг, а се разбира и добрата деловна соработка со нашите партнери, а особено соработката со нашите купувачи.

За успешно функционирање на оваа целина, потребна е тимска работа на амбициозни, позитивни луѓе кои ја сакаат својата работа и веруваат во она што го нудат, а токму тоа сме ние во ВИВАКС.

Успехот во постигнувањето на високиот квалитет на нашите производи, се должи на следново:

~ Контрола на квалитетот на суровините
~ Контрола во интерната фаза на производствениот процес
~ Финална контрола на готовиот производ

Нашите напори и ангажираност во работата резултираа со добивањето на сертификатот ИСО 9001:2000 (Систем за контрола на квалитет) од страна на БСИ (British Standard Institution) и признанието од Стопанската Комора на Р. Македонија во 2001 г., која нé вброи меѓу најуспешните 10 фирми во нашата земја. Тоа се докази за квалитетот на нашите производи, но, се разбира, најголем доказ за нас претставува задоволството на нашите клиенти (купувачи).
Горенаведените признанија обврзуваат и не мотивираат кон понатамошен развој, растеж и наше постојано усовршување.